Полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка-Оддел за потраги и ПС Прилеп во населбата Варош во Прилеп денеска го привеле А.Т. (25) кој се барал по потерница од Основен суд Прилеп за издржување на две казни затвор од 11 месеци и 9 месеци, за насилство и за напад на овластено службено лице.
Лицето, како што информира МВР, ќе биде предадено на казнено поправна установа.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.