Ситуацијата во Прилеп полека како да излегува од контрола. За само една недела има 377 нови случаи на Ковид 19 и 15 мина починати. Болницата е преполна, според Центарто за јавно здравје хоспитализирани се околу 100 лица, а нема доволно персонал да ги опслужува сите болни. Во ноќните смени на 30-тина болни има само по една сестра и еден болничар. Засега се вратиле 15 специјализанти, а се вработиле привремено и неколкку сестри. Но и тоа е премалку.
„Сега се трудиме да обезбедиме по 2 сестри навечер, по двајца болничари навечер, но тешко оди. Нема луѓе, верувајте, максиимални напори се прават да се обезбедии персонал, но не е така лесно“, истакна Драган Богоески, директот на општа болница Прилеп.
Оние пак сестри кои имаат завршено виша и висока стручна спрема досега одеа само прва смена, затоа што за ноќни дежурства треба да добијат и поголема плата. Нејасно е зошто се каклкулираше со давањето на поголема плата во една ваква ситуација, но сега и тоа било решено.
„Вчера имавме состанок со главните сестри дека во случај и потреба и тие ќе бидат вклучени во работењето и во однос на плаќањето направивме договор да биде тоа реализирано“, додаде Богоески.
Во неделата сите пациенти од инфективно одделение се префрлени во главната болничка зграда, затоа што таму сега се поставува централен довод на кислород. Директорот вели дека досега тој не бил постравен поради сложената процедура, но и се собирале донации од приватниот сектор во Прилеп за да се изведи тоа. Нејасно е зошто тоа не го направи државата, а наместо да се собираат донации. Со системот ќе се подобри лекувањето на пациентите.
„50 боци во денот се носат се враќаат, се качуваат, се слегуваат. 50 боци во текот на денот. На инфективно одделение ќе има 20 места, значи 20 боци помалкку, тоа не е мала работа“, рече Богоески.
Директорот вели дека немало некоја разлика од лекувањето во Скопје и Прилеп но признава дека немаат антивирусна терапија ии дека во Прилеп се уште не се дава рековалесцентна плазма, немало протоколи и процедурата била сложена.