МОН ги објави листите на дополнително примени студенти во студентските домови

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од повторениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за академската 2020/2021 година, објавен на 27.10.2020 година.

 

ТУКА можете да ја видите листата на примени студенти – бруцоши.

 

ТУКА можете да ја видите листата на примени студенти од втора и повисоки години на студии.

 

Од МОН наведуваат дека приговори може да се достават до архивата на МОН, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

 

Од Министерството нагласуваат дека студентите што следат комбинирана настава (онлајн и со физичко присуство) ќе можат веднаш да се сместат во домовите, додека оние што следат само онлајн-настава нема да можат да се сместат до следно известување.

 

Извор: Факултети

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи