Уште еден земјотрес со епицентар во Маврово, овојпат oд 4,9 по Рихтер

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Земјотрес со сила од 4,9 степени по Рихтер со епицентар кај Националниот парк Маврово, на 20 километри од Гостивар, ја затресе земјата во 15.25 часот, а се почувствува во Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола и во многу други градови. Ова е трет земјотрес по утринскиот во 4.55 часот кој предизвика вознемиреност во речиси целата држава.

 

Епицентарот на земјотресот е во близина на Националниот парк Маврово, на длабочина од 10 километри.

 

Инаку, по утринскиот земјотрес во 4.55 часот со сила од 5 степени по рихтеровата скала, во мавровскиот регион земјата се затресе уште два пати, во 8.49 часот со сила од 2,8 според рихтеровата скала и точно напладне со сила од 3,8 степени по Рихтер. Сеизмолозите велат дека земјотреси во овој регион не се изненадаување бидејќи се работи за сеизмички активен терен.

 

Утринскиот земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер беше со епицентар на 20 километри јужно од Гостивар и беше почувствуван речиси низ целата држава, но и во делови од Албанија, Косово и Србија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи