ВИДЕО – Матичните лекари во Прилеп се жалат на малите количини бесплатни вакцини против грип

 

Од вчера во Прилеп започна бесплатната ваккција против сезонски грип, обезбедени се 690 вакцини. Вакцинацијата за прв пат се изведува во Здравствениот дом во одделот каде досега се вакцинираа децата. Се вакцинираат хронично болни, лица над 65 години, деца од 6 месеци до 6 години, бремени жени и здравствени работници. Селекцијата кој ќе се вакцинира ја прават матичните лекари. Кои годинава се жалат дека бројката на вакцини е премала. Матичните лекари бараат и по транспарентно закажување на вакцините бидејќи немало термини.

 

 

Значии 690 дози за град Прилеп се малку. Конкретно како матичен лекар јас имам направено список од 90 пациенти кои побараа да бидат вакцинирани. Значи сигурно и колегите имаат по 30 или 40 пациенти кои сакаат да се вакцинираат и кои треба да се вакцинираат. Да можи Миинистерството да кажи на еден матичен лекар колку вакцини му следуваат, очигледно дозите се лимитирани“, вели Нора Димшоска Тасеска, претседател на здружение на приватни лекари на Прилеп.

 

Од Министерството за здравство пак велат дека вакцини има за сите. По спроведените анализи на начинот на закажување на термин за вакцинација против сезонски грип, не биле утврдени недостатоци, туку станувало збор за системско менаџирање на термините за вакцинација. При крајот на месецот се очекувала дополнителна пратка да се обезбеди за Прилеп, но не кажуваат колкава количина на вакцини ќе биде тоа.

 

Вакцинацијата инаку се врши во попладневните часови од 14 до 20 часот за да нема контакт со другите пациенти. Термините се закажании на 5 минути, за да нема контакт ниту помеѓу тие кои се вакцинираат. И од Здравствениот дом смируваат и велат дека вакцини ќе има за сите.

 

Таа група на матиични лекари кои беа попладнево и видоа дека е отворен системот за да може да ги упатувата луѓето за вакцини тиие ги фатија термиините, се надевам дека ќе има ваккцини за сите“, истакна д-р Василка Младеноска, Здравствен дом Прилеп.

 

Граѓаните велат дека вакцинирањето се одвива без никакви проблеми.

 

Сега примив вакцина, средено е, без проблеми, без гужви“, вели еден граѓанин.

 

„Хронично ако заболам преку зимата, ако настинам побрзо ми понува со вакцината“, кажува друг граѓанин.

 

Кон крајот на месецов се очекува во Прилеп да пристигнат и 800 комерцијални вакцини против сезонски грип.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи