Поранешниот поглавар на ИВЗ: Со моја интервенција Пендаровски победи на претседателските избори

 

Поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи на синоќешното гостување на ТВ21 изјави дека со негова интервенција актуелниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски победил на изборите.

 

Според Реџепи, Миле Зечевиќ од СДСМ и Изет Меџити од ДУИ пред претседателските избори го молеле да ги повика муслиманите од Македонија да гласаат за Стево Пендаровски.

 

„Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев и преставник на ДУИ беше Изет Меџити кои ме молеа да ги примам на состанок. Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикам мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја“, истакна Реџепи.

 

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски целосно ја демантира изјавата на поранешниот претседател на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

 

„Ние ги сметаме ваквите изјави на Сулејман Реџепи како крајно несериозни и несоодветни, со оглед на неговата претходна улога во Исламската верска заедница“, велат од Кабинетот и додаваат дека претседателот Пендаровски  е избран на легитимен и законски начин, на слободни и демократски избори, што е потврдено во сите извештаи на ОБСЕ/ОДИХР.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.