Уставен: Повлечената амнестија на Иванов е законска – продолжуваат судењата за обвинетите од страна на СЈО

 

Повлечената аболиција за 56 лица на поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов е законска, одлучи денес Уставниот суд.

 

Одлуката е донесена со пет гласа „за“ и со три „против“. Според уставните судии, не смее да им се скрати правото на граѓаните за повлекување на аболиција, доколку сметаат дека можат својата невиност да ја докажат во судска постапка.

 

Аболицијата се спроведуваше низ обвинителствата и судовите сè до моментот кога во јуни 2017 година Иванов, под притисок на јавноста, одлучи да ја поништи. Уставните судии денес одлучија дека законски ја повлекол, а со тоа се отвора патот за предметите на СЈО да се процесуираат пред домашните судови.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.