Денеска лепчињата за слава во Св. Кирил и Методиј (Параклис) и Св. Петка Точила ќе се пеат само во црква

Браќа и сестри во Христа, наши Прилепчани. Поради корона кризата и запазување на мерките и протоколите, пропишани од здравствените работници, ве известуваме дека оваа година, ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА, како би се запазиле сите безбедносни мерки.

 

Она што беше пракса во домовите на верниците, овој пат ке биде во Божјиот дом – Црквата. За да се избегне било какво групирање, веднаш по доаѓањето во црква, ќе се прережува лепчето посветено на светецот на вашиот дом од страна на вашите парохиски (реонски) свештеници.

 

НА 20ти, ПЕТОК, ЗАСЛОГ НА АРАНГЕЛОВДЕН: СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (ПАРАКЛИС) И СВЕТА ПЕТКА ТОЧИЛА ОД 07 :30 ДО 17 ЧАСОТ. Нека ни се за многу години и на помош, заштитниците на нашите домови и семејства, во ликот на светителот од куќната слава, Светиот Архангел Михаил.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.