Семејството Керпичоски од Прилеп даде пример за сите граѓани кои се во можност, да донираат онаму каде е најпотребно. Тие денеска донираа возило за потребите на Општата градска болница “Борка Талески”.
Инаку ова е втора донација на Керпичоски за потребите на болницата, откако започна пандемијата предизвикана од коронавирусот. Претходно ова семејство донираше и 500 евра.
174