Од денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Oд денеска почнува етапната и предвремена исплата на ноемвриските пензии, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.

 

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

 

– Во четврток 26.11. 2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во петок на 27.11.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во понеделник на 30.11.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во вторник на 01.12. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

 

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денес, четврток 26 ноември.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи