Владата на вчерашната седница донесе заклучок во врска со тоа како ќе се погребуваат лицата починати како последица од ковид. Имено Владата го прифатила заклучокот на Комисијата за заразни болести, според кој не е задолжително починатите да се погребуваат во затворен и залемен метален сандак.
По речиси 10 месеци епидемија од Корона и над 1.700 починати, како и големиот број реакции не социјалните мрежи за огромните трошоци за погребување на починатите со ковид, кои достигнуваа и до 700 евра, Владата донесе заклучок од комисијата според кој не е правно нормирано починатото лице да биде во затворен и залемен лимен сандак.