Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат според соодветен протокол, со оглед на тоа што во скијачките центри во Македонија нема затворени гондоли на жичниците.
Според протокол ќе работат редарските служби пред билетарите и ски лифтовите, задолжително е физичко растојание од 1,5 – 2 метра и пред билетарите, жичниците и скилифтовите, ограничување на работата има и на угостителските објекти на терените исклучиво на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.