Ѓорге Џонов е 29-годишен фудбалер од Пирава, Валандово. Од мали нозе е на фудбалските терени, максимално посветен на фудбалот, со почит кон тимот и противникот, но пред се, Ѓорге е скромно и мирно момче, момче со карактер како што доликува на секој воспитан човек, човек со срце како планина.
Денес, Ѓорге Џонов е пред најголемиот предизвик во својот живот, во битка со болест за која е неопходно итно лекување во Турција.
За лекувањето на Џонов се неопходни 100.000 евра, средства кои во моментов ги нема на располагање, поради што голем број луѓе се активираа во трката со времето за собирање на финансиските средства.
За таа цел, на 05.12.2020 (сабота) во 11 часот ќе организираме хуманитарна акција на цветната улица во близина на „Teko Solar“ и гостилница „Ај по една“.
Акцијата ќе трае неколку часа, сите сте добредојдени. Ќе бидете пречекани со топол чај и детски фудбалски акробации.
Исто така, отворени се телефонски линии на А1 143 460 и Телеком 143 113. Со еден повик на телефонските броеви донирате 100 денари.
Средства може да се донираат и на следната банкарска сметка:
Ѓорге Џонов
Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48
Стопанска Банка АД – Скопје
*Ве замолуваме да се почитуваат мерките за заштита од вирусот (да се држи растојание, да нема групирање и задолжително да се носи маска).