Конкурс за избор на најдобри песни од прилепски автори по повод 75 години постоење на прилепската библиотека

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По повод 75-годишнината од постоењето на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, а со цел да ги поддржи творештвото и креативноста и збогати роднокрајната поставка, објавува КОНКУРС за избор на најдобри песни.

 

Од библиотеката ги покануваат сите поети од општина Прилеп, да учествуваат на конкурсот со свои песни, согласно со утврдените критериуми на стручната комисија:

 

1) Творбите да бидат авторски/оригинални и не објавени досега.

2) Должината на творбата да биде до 40 стихови.

3) Творбата да биде испратена во електронска форма, потпишана со име и презиме на авторот, работена во Word, Times New Roman, фонт 12, кирилична поддршка.

4) Секој автор има право на учество со најмногу две свои творби.

5) Темата и мотивите се слободен избор на авторот.

 

* Творбите треба да бидат испратени најдоцна до 10.12.2020 на овој мејл: gb.btaleski@gmail.com

 

Стручна комисија ќе ги разгледа песните и ќе изврши избор на најдобрите песни, кои што веднаш потоа ќе бидат публикувани во „Зборник на песни од прилепски автори“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи