50-тината преостанати вработени во државната компанија Еурокомпозит од Прилеп се крајно револтирани на вчерашното одбивање на амандманот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за да се издвојат средства во буџетот за 2021 година за исплата на нивните неисплатени плати и придонеси. Велат дека тоа не бил партиски амандман или амандман ВМРО-ДПМНЕ туку бил амандман на вработените кои 1 година се без денар и се оставени без никаква грижа од државата.
„Тој амандман не е од ВМРО-ДПМНЕ туку лично наше барање, тие не слушнаа и го поднесоа тој амандман. Но за жал по кратка постапка тој беше одбиен. Со големо разочарување го кажуваме ова. Имавме голема надеж дека ќе се прифати од сите пратеници и дека конечно ќе се реши нашиот проблем. Но по се изгледа дека она ветување кое што беше од господинот Заев дека ќе има „Живот за сите“ за вработените во Еурокомпозит нема. И затоа се собравме денеска да искажеме едно жалење што не се прифати нашето барање“, вели Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.
Се прашуваат како државата може да ги остави цела година без ниту еден денар, среде пандемија, без никаква помош и буквално никој да не ги праша од што живеат и дали иим треба нешто.
„Можете слободно да ги прашате овие луѓе тука, ние не живееме ние преживуваме. Не е живот една година без пари. Живееме на една плата, со платат на нашите брачнии другари. А замислете имаше семејства кои и двајцата беа вработени во Еурокомпозит и самиот незнам како преживуваат тие луѓе. Здравствено немаме една година. Тие кои имаат проблеми си плаќаат на приватно, тоа се големии пари, ама нема што да се прави“, додаде Богданоски.
И тие како и поранешните вработени кои замиинаа како технолошки вишок се во план да ја тужат државата која што е нивни работодавец.
„Во план сме да ја тужиме Владата, во моментов бараме добар адвокат кој што ќе не застапува. Бидејќи нашата фирма е државна фирма, тие ни поставуваат директори, тие ги крадат нашите пари, а секогаш вината ја наоѓаат кај работниците дека не работеле. Ние се што ни се дало како работа сме ја сработиле, а пари немаме земено“, истакна Богданоски.
Пред неколку дена протест за тоа дека нема пари за Еурокомпозит во буџетот за 2021 година одржаа и поранешните ввработени кои заминаа како технолошкии вишок. Тие го блокираа патот Прилеп-Скопје. Сега и актуелните и поранешните вработении најавуваат штрајк пред Влада во петок.