Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани се 625 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти МВР.
Полициските службеници минатиот месец регистрирале вкупно 18.540 лица кои не носеле заштитна маска низ градовите во земјава.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.