ВИДЕО – Катастрофален откуп на тутунот – протест утре напладне во Прилеп со возила и механизација

Катастрофален откуп на тутунот. Тутунарите се жалат дека се откупува и по 2 класи подолу од реалната вредност. За килограм тутун се даваат по само 120 денари. Токму поради тоа тутунарите и не го предаваат тутунот. Ако лани ова време имало предадено 10 милиони килограми тутун, сега се предадении само 250.000 килограми. Дел од тутунарите кои сами се организираа на социјалните мрежи најавиија предупредувачки штрајк за утре во Прилеп. Велат дека еден килограм тутун дошол како една кутија цигатри, чија цена се зголемува скоро секој месец за неколку денари.

 

 

„Катастрофално, значи тутунот се откупува нереално. Проценка во трета и четврта класа, високи одбитоци до 10%, реалноста еве ја, една кутија цигари 100 денари, исто како еден килограм сув тутун. Тоа во моментот се случува, грабеж на тутунопроизводителите, масовен грабеж. Владата мора под итно да најде решение, да не заштити и да не дозволи под 200 денари да се движи цената. Огромна маса на незадоволство ќе им се случи во недела, а од понеделник низ сите градови во државата каде се произведува тутун. Значи да не дозволат да преземаме порадикални мерки“, изјави Игор Мирчески, тутунар.

 

И од Сојузот на земјоделци се заканија дека ако откупувачите не ја покачат цената и започнат со реална проценка од понеделник ќе ги блокираат линиите за откуп.

 

„Од понеделник и вторник секаде каде што се предава тутун, доколку има нереална проценка, се зема тутунот класа подолу да се блокираат откупните центри, на самото место вагите да бидат блокирани, да се извести Министерството, да се извести Инспекторатот“, кажа Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделци.

 

Тутунарите велат дека ако останат овие цени не знаат како ќе опстојат бидејќи најголем дел ова им е единствена егзистенција.

 

„Ситуацијата е катастрофа досега со тутунот, откупните цени се скоро никакви и ако вака продолжи народот ќе го упропастат, ништо друго не може да направат“, вели Коста Колески, тутунар.

 

Протестот на тутунарите ќе се одржи утре со почеток во 12 часот, а планирано е да се продефилира низ центарот на градот, со возила и механизација.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи