Продолжува чистењето на диви депонии – „Комуна“ со кампања за јавната чистота

 

Јавното претпријатие „Комуна“ Крушево продолжува со чистењето на диви депонии и отпочнува кампања за подигнување на свеста за одржување на чистотата.

 

Исчистена е мала дива депонија во близина на Крушевско Езеро, односно на завршетокот од поранешното корзо. „Комуна“ апелира на соработка од страна на граѓаните при исфрлањето на било каков вид на отпад за соодветно исфрлање и складирање на истиот.

 

„Комуна“ вчера објави и дека од наредниот месец ќе започне кампања за подигнување на свеста и паметно исфрлање на отпадот со тоа што со сметките за вода од наредниот месец граѓаните ќе добиваат и флаери.

 

„Започнавме со процес на чистење на депониите кои со тек на времето се акумулирале насекаде низ општината. Со тоа очекуваме општина Крушево да биде почиста општина, но и истовремено да ја подигнеме свеста за значењето од правилното фрлање на отпадот. Заради овие причини ги известивме граѓаните дека при исфрлање на мебел, градежен шут и друго да не’ контактираат за „Комуна“ да асистира во исфрлањето и отпадот да не се збира пред контејнерите и со тоа да ја загадуваме околината. Јас искрено се надевам дека и кампањата која ја започнуваме ќе вроди со плод“, изјави директорката на ЈП „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи