ВИДЕО – Протестите на тутунарите се ставаат во мирување до петок кога треба да се одржи средба со откупувачите

До петок протестите на тутунарите се ставаат во мирување кога треба да се одржи заедничка средба со откупувачите, а со посредство на Министерството за земјоделство. Ова беше одлучено на денешната средба во Прилеп помеѓу министерот Аријанит Хоџа, Иницијативниот одбор на незадоволните тутунопроизводители и Сојузот на земјделски здруженија. Според министерот улогата на државата е да биде медијатор помеѓу двете страни. Не сакаше да го коментира прашањето, доколку не се постигне бараната заштитна просечна цена цена од 200 денари за килограм, дали тогаш државата ќе ги надополни потребните средства до таа сума.

 

 

Наша улога како Министерство е да не комуницираме на достамца. Да комуницираме псоебно со откупувачите, посебо со производителите. Ние мора да најдеме решение да ги седнеме заедно. Се уште сме на почеток на разговорите и се друго што би коментирале не е во интерес на изнаоѓање на решение, заради тоа потенцирам дека имаме чекор напред и мислам дека ќе се изнајде решение“, истакна министерот за земјделство Аријанит Хоџа.

 

Од Сојузот на земјоделски здруженија, кои ги застапуваат интересите на тутунарите ги повикаа поверениците во цела држава да се повлечат од вагите и до петок да се стопира откупот.

 

„Да видиме кое решение ќе се изнајде, но важно е дека сакам да ги известам сите дека од утре до петок нема да бидат на вагите и нема да е откупа тутун“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделци.

 

Од Иницијативниот одбор на тутунарите потврдија дека тие ги прекинуваат протестите до петок.

 

„Ние не бараме откупувачите да осииромашат во овој процес, па да бидат на некој начин ограбени, ама бараме и тие да не сфатат дека па не треба и ние да осиромашиме. Во петок одиме на преговори и таму одиме со правен тим, кои ја разбираат проблематиката, точно каде се случуваат тие спреги и на каков начин ни се зема тутунот во пониска класа. Да ги отвориме фактите и да докажеме дека тоа навистина се случува“, истакна Игор Мирчески, Иницијативе одбор на тутунопроизводители.

 

Тутунарите потенцираа дека доколку во петок не се постигне решение ќе продолќжат со уште помасовни и порадикални протести. Инаку досега од 23 милиони килограми колку што треба да бидат откупени според договорите, откупени се само 1,5% или околу 300.000 килограми.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи