Ќерката на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Марија Јакимоска, преку Фејсбук се произнесе за актуелните случувања во Македонија, негирањето на јазикот и идентитетот на Македонците.
Таа пишува дека нејзиниот татко од секогаш зборувал дека тие се Македонци, со македонски јазик и се борел за нивна заштита.
Нејзината објава ја објавуваме интегрално.
„На 8 декември 1940г. за време на српската окупација на МАКЕДОНИЈА, татко ми МЕТОДИЈА ЧЕНТО присуствувал на родителска средба во прилепската гимназија – бил старател на негов братучед од Плетвар.
На барањето од директорот на гимназијата децата да зборуваат на својот мајчин српски јазик во училиште, а и дома, татко ми се спротиставил.
Господине директоре, вие не можете од нашите деца да барате да зборуваат на српски јазик, бидејќи ние сме МАКЕДОНЦИ и нашите деца зборуваат на МАКЕДОНСКИ мајчин јазик, и продолжил со дообјаснување, но притоа бил брутално нападнат претепан и затворен.
По кратка постапка бил осуден и интерниран во Бајна Башта во Србија. Таму го затекнала окупацијата на кралството СХС.
Откако извлекол жива глава, се вратил на 25.4.1941г. во окупирана МАКЕДОНИЈА од Бугарија. По неговото одбивање да биде кмет на Прилеп и активно да учествува во политичкиот живот, по некое време бил затворен па и два пати интерниран во Бугарија.
Заради својата јасно изразена МАКЕДОНСКА свест бил повеќе пати затворан и за време на српската окупација, како и за време на бугарската окупација. Во октомври 1943г. се приклучува на партизанското движење. За се’ што е врзано за неговиот животен пат е многу напишано, ова го пишувам дека тезата за постоењето на МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК е од 1944г., што е груба измислица на негаторите на МАКЕДОНЦИТЕ“, пишува Јакимоска.
На 8 декември 1940г. за време на.српската окупација на МАКЕДОНИЈА Таткоми МЕТОДИЈА ЧЕНТО присуствувал на родителска…
Posted by Marija Jakimoska on Вторник, 08 декември 2020