Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 30-ти ноември до 6-ти декември, во општина Прилеп имало 371 новозаболен од коронавирус.
Од последици на коронавирусот починале 20 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 988, од кои 788 лица се наоѓаат на домашно лекување, 128 на болничко лекување, а 72 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 75 пациенти.
Вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 3.383, а од почетокот на пандемијата од коронавирус починало 151 лице.