„И каменот има душа“-нова книга на поетот Филип Димкоски, преведе

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

„И каменот има душа“ е насловена поетската книга од македонскиот поет Филип Димкоски, која неодамна е објавена во издание на Академски печат од Скопје.

 

Станува збор за необичен концепт, односно книга која содржи една песна напишана во оригинал на македонси јазик и нејзините препеви на уште тринаесет словенски јазици односно на сите словенски јазици кои активно се говорат денес. Досега не е познато објавување на ваков вид книга што меѓу две корици ги обединува словенските јазици.

 

Над дваесет преведувачи, лектори, научници од областа на јазикот и книжевноста од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Русија, Белорусија, Украина, Полска, Чешка, Словачка, Бугарија и Босна и Херцеговина вложија свој труд во создавањето на оваа книга за која поговорот го напиша докторката по филолошки науки Наталија Лапаева Ристеска професорка по руска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

 

„Читањето на препевите на песната „И каменот има душа“ од Филип Димкоски е еден фасцинантен процес кој носи радост за откривање и проширување на литературните хоризонти. Ова е можност да се увидат од една страна сличностите во јазиците, а од друга страна нивните разлики, а сето тоа не упатува кон размисла за корените на постоењето, за културите, писменоста, духовноста на словенските народи како и за индивидуалните историски судбини и менталитет на секој од нив. Како што е познато, менталитетот на еден народ може да се осоѕнае токму преку јазикот. На тој пат можат да се откријат многу интересни нешта“, пишува проф. д-р Лапаева Ристеска во својот поговор кон книгата.

 

Корицата на книгата и илустрациите внатре се авторско дело на академскиот сликар Владимир Здравески, а лектурата на книгата ја направи.

 

Книгата ќе има медиумска промоција на неколку регионални и национални телевизии, радија и весници,  ќе биде претставена во Прилеп, Битола и Скопје, ќе биде одржана и онлајн промоција,  а за научниците од областа на  словнеските јазици и литературата, за библитеките и за љубопитните читатели ќе биде достапна во мал тираж. Заинтересираните можат да ја набават со порака до авторoт на социјалната мрежа Фејсбук.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи