30 дневен притвор за осомничениот кај кого беа пронајдени 53 килограми марихуана

 

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од струшко Калишта за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции.

Осомничениот, на возраст од 46 години, на 8 декември на патниот правец Битола-Прилеп во неговото патничко моторно возило Ауди А3 неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога марихуана во количина од 53 килограми. Дрогата била спакувана во 2 патни торби, од кои во едната имало 30, а во другата 23 пакувања со наркотична дрога марихуана. Кога сообраќајната полиција му дала знак да застане, осомничениот не ја почитувал наредбата и со голема брзина се упатил кон Прилеп.

 

Од полициски службеници бил пресретнат кај селото Тополчани и повторно му бил даден знак да застане, но тој не застанал туку продолжил да се движи со голема брзина. Кога со возилото стигнал во селото Штавица со голема брзина поминал низ центарот на селото и во местото викано Леништа го запрел возилото, излегол и во близина на патот ги исфрлил двете патни торби со наркотична дрога. Потоа влегол во возилото и повторно со голема брзина се упатил на патот кон Прилеп, па кога стигнал кај с.Старо Лагово бил сопрен и контролиран од страна на службени лица на ОВР Прилеп.

 

Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка од Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да ги прикрие трагите од кривичното дело или да го повтори делото.

 

Истражен судија на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи