„Врба“ со Мариово и Трескавец во трка за наградата за најдобра филмска локација во Европа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец е меѓу петте финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа. Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (ЕУФЦН), а прилепската област каде што се снимаше „Врба“ влезе во топ 5 во конкуренција на локации од 28 земји.

 

„Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката: македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува и како дел од националниот идентитет, додека публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски и локациите како претставување на оваа мала земја, но и како нешто универзално“, вели продуцентот на „Врба“ Јане Ќортошев, во преставувањето на финалистот „Врба“.

 

На официјалниот сајт на ЕУФЦН е отворено гласање за петте финалисти, што трае до 12 јануари 2021, а за „Врба“ може да гласа на следниов линк.

 

Останати финалисти за наградата се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, езерото Резија од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“ и црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“. Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале.

 

„Врба“ е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал освои пет награди, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми и настапи на над 20 фестивали на четири континенти.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи