ВИДЕО – Прилепските средношколци на протест – „Подобро приемен на факултет, отколку полагање државна матура“

Попладнево прилепските средношколции одржаа мирен протест пред зградата на локалната самоуправа во Прилеп поради како што велат државната матура. Во знак на револт тие денеска одржаа и прекин на онлајн наставата. Тие се пожалија дека во изминатиов период добивале настава која што била со многу низок и незадоволителен квалитет. Се пожалија и на тоа дека во во услови на пандемија тие се соочувале со затворени библиотеки и незадоволително технички биле спремни со сите онлајн средства кои се потребни да се изведува наставата на правилен начин.

 

 

„Имаме и многу деца кои се заболени, се во изолација и нема да можат правилно да ја следат настава, ниту да учествуваат во целиот процес на државна матура и затоа сметаме дека таа треба да биде укината. Исто така ние сметаме дека во услови на пандемија изгубивме повеќе од една третина од наставниот материјал кој требаше да ни биде земен, со цел ние да полагаме нормална матура со физичко присуство. Затоа сметаме дека истата треба да биде укината.

 

Денеска имавме и прекин на онлајн наставата, односно ја бојкотиравме. Тоа се случува на ниво на целата држава и сите сме истомисленици. Сметаме дека на тој начин ние можеме да ги добиеме нашите права. Бојкотот на наставата беше планиран само за денешниот ден, бидејќи и онака имаме многу малку настава која ја одржуваме онлајн и сметаме дека тоа уште дополнително би направило наш проблем и би изгубиле повеќе од наставата.

 

Доколку не се остварат барањата ќе имаме поредовни протести, се надевам и помасовни бидејќи денес заради пандемијата немаме тука многу деца кои учествуваат во овој денешен протест, но сметаме дека доколку нашите барања не бидат исполнети ние ќе продолжиме со уште помасовни и почести протести“, истакна Ангела Велеска, ученичка во Гимназија „Мирче Ацев“.

 

Средношколците сметаат дека матурата не е релевантен начин да се оцени нивното знаење бидиејќи тоа знаење тие го стекнувале во текот на целиот 4 годишен образовен процес, а сега се сакало во 2 часа да го оценат сето тоа знаење што го стекнале. Истакнаа дека секој нема услови да ја следи онлајн наставата, а таа бројка на ученици не била мала. Оние пак ученици од стручните училишта побараа укиинување на општообразовните предмети.

 

„Ние ако треба да полагаме општообразовни предети би се запишале во гимназиското образование, немало да се определиме за некоја струка. Сметам дека ако мора да се полага матура, тоа треба да биде за некои стручни предмети кои треба ние да си ги избериме, а не државната матура ја прават на ниво на цела држава и за гимназија и за стручните предмети.

 

Исто така сакам да посочам дека англиски и математика се предмети кои не му одат на 90% од учениците, а тие предмети ни се клучни за ние да положиме државна матура. Еве на пример мене англиски и математика не ми одат, јас 4 години поминувам одлична и сега на матура јас на тие 2 предмети паѓам и немам можност да се запишам на факултет. А ја сакам струката, го учам смерот и се спремам за на факултет.

 

Друг проблем со кој се соочуваме е тоа што секој ученик нема услови да ја следи наставата онлајн. Јас на пример лично имам услови и можам, моите родители можат, ми прижија услови и ја следам наставата онлајн. Познавам ученици кои немаат услови во однос на затоплена просторија, во однос на компјутери, таблети, лаптопи и тие кои што ги донира државата и општината, јас познавам деца кои што зедоа, а немаат потреба од нив. Исто така познавам деца кои што имаат потреба да земат таблет, но не го зедоа и не беа ни известени дека ќе се донираат тие таблети.

 

Ние сите сметаме дека е подобро да има приемен испит на факултет, отколку да полагаме државна матура“, потенцираше Сара Ристеска, ученичка во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи