ВИДЕО – И откуп на тутун и протести до петок, па потоа ќе се види што понатаму

И откуп и протести во исто време, а во петок ќе се направи пресек од цела недела за да се утврди вистинската состојба како се проценува тутунот. Ова вечерва беше одлучено на повторната средба помеѓу Министерот за земјделство и тутунарите откако откупувачите не го испочитуваа договорот од петокот. Министерот Хоџа рече дека сите се согласуваат дека тутунот годинава не е со ист квалитет како лани, но тоа било нијанса, а не цели 2 класи.

 

 

„И самите производители се свеснии дека не може да се постигне ланската цена и лански квалитет, ама тоа не мора да значи дека е до тој степен лош тутунот оваа година колку што започнаа да го ценат самите откупувачи“, рече Аријанит Хоџа, Министер за земјоделство.

 

Од Иницијативниот одбор на тутунарите рекоа дека не добиле никаквии гаранции дека за откупот и затоа протестите ќе продолжеле и понатаму.

 

„Нас ни треба гаранции за откупот. Откупот треба да трае од утре па се до крај на реколта со исто темпо, во сите градови, со сите откупувачи. Не е мерило дека откупот во овие 5 дена ќе биде добар, па во следните лош, па потоа уште полош и ништо нема да добијаме“, истакна Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

 

Од Сојузот на земјоделци рекоа дека доколку до петок не се покачат цените од понеделник ќе ги повикаат тутунарите и поверениците да ги блокираат откупните пунктови.

 

„Ние како Сојуз ќе го поддржиме штрајкот ќе излезиме со нив и секогаш ќе бидеме со тутунарите. Нема да дозволиме да му се земи тутунот за 2 класи подолу“, кажа Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделци.

 

Протестот е утре од 10 до 12 часот кај месноста Заполшкии мост со блокада на магистралниот пат Прилеп-Скопје.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи