Владата ги усвои препораките на Комисијата за заштита од заразни болести, кои стапуваат во сила од 18 декември, а ќе траат сѐ до 20 јануари следната година.
Тоа значи дека угостителските објекти ќе работат до 18 часот, а не како досега до 21 часот
„Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и Новогодишни прослави на отворен и затворен простор, а имаме јасни препораки до верските заедници, до работните организации и општините, препораки за работата на рестораните во хотелските објекти“, рече Заев.
Премиерот рече дека тие се свесни дека се работи за непополарни мерки, но дека треба да се избере меѓу задоволството и профитот од една страна и одговорноста и здравјето на граѓаните од друга страна. Заев апелираше оваа година да се празнува одговорно, за да не предизвикаме нов бран на епидемијата, кога сме, како што рече, на чекор до вакцинацијата.