Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 8 до 14-ти декември, во општина Прилеп имало 292 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот, починале 16 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 893. 706 лица се наоѓаат на домашно лекување, 102 на болничко, а 85 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 60 пациенти.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.502 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.675.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 167 лицa.