Се уште не е пронајдена 50-годишната Весна Николоска од Прилеп, потрагата активно продолжува

И денеска активно продолжува потрагата по 50-годишната Весна Николоска од Прилеп, сопственик на слаткарницата Дизниленд Трејд-Прилеп. Жената го напуштила својот дом во средата околу 23 часот и одтогаш и се губи трагот. Носи светли долни тренерки и вентијага сива црна и ло некоја темна боја!

 

Од Спасителната служба „Златоврв“ кои се вклучени во потрагата од самиот почеток велат дека во моментов теренот околу вештачкото езеро и поширокиот регион го пребаруваат над 400 доброволци.

 

„Се зголемува обрачот на барање на теренот, вклучени се кучиња трагачи, се следи и прегледува целиот терен со дронови, се проверуваат сите згради и и подруми низ целиот град. Се повикуваат исто така сопственците на сите викендици во околината на Прилеп да ги проверат дали таму случајно се наоѓа Николоска. Во моментов во потрагата учествуваат над 400 доброволци од градот. Доколку до утре не се најде Николоска можно е утре да нуркаме и во вештачкото езеро кај Прилеп по некаков траг. Сите добрововолци може да ме контактираат на 078-520-792“, вели Дарко Неданоски, раководител на Спасителна служба „Златоврв“.

 

Нејзиниот син Антонио апелира до сите сограѓани кои се во можност да му помогнат на семејството, со цел нивната мајка да биде што побрзо откриена и згрижена. Доброволците кои сакаат да учествуваат во потрагата може да се обратат на збирното место кај ИКТ Центарот на МВР (на патот кон Вештачкото Езеро).

 

Контакт телефони : 075-480-598, 076-473-193, 070-565-330. Споделувајте!

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи