Во моментот се трансферираат 4.5 милиони денари на наменска сметка на Прилеп за изработка на главниот проект за театарот, кој следната година ќе почне да се гради во Прилеп, а исто така 6 милиони денари за кејот „1 Мај“, се траснферираат на посебна сметка и најверојатно во вторник ќе бидат легнати. Ова денеска во Прилеп го најави премиерот Зоран Заев, кој го посети градот под Марковите Кули по повод денешната градски слава на Прилеп, празникот Свети Никола.
„Исто така 54 милиони денари за 2 проекти, едниот 47 милиони денари влезен во програмата од ТАФ за реконструкција на водоводниот цевковод за доводот од Пашалиската ливада до главната шахта овде во Прилеп и 6,5 милиони денари за водоснабување на манастирот Трескавец. Тоа се веќе влезени проекти. Почнува во март месец по јелоу фидик изградба на автопатско решение Прилеп-Битола. Прилепчани можеби се до Битола, ама автопат е автопат. Така да влегува овој автопат кој вреди безмалку 100 милиони евра како автопатско решение. Следната година почнува секундарната гасификација на Прилеп, заради тоа што помина првата фаза. Имаме понуда од 2 џиновски компании за гасификација на цела РС Македонија, Прилеп е од првите 10 градови кои следната пролет веруваме ќе почне да се гасифицира, затоа што цевката веќе е помината овде. Интензивно се работи на патот Велес-Неготино-Кавадарци-Прилеп, Фариш-Дреново-Прилеп, така да верувам дека е вредно да се инвестира во такви инфраструктурни добра“, истакна Заев.
Заев рече дека во моментов се решавале огромни проблеми на граѓаните и тој верувал дела сите заедно здружени ќе сме продолжеле да си ја градиме нашата држава.