Јас се гордеам како прилепчанец на правењето на овој булевар, кој е современ, со сите стандарди на булевар и мислам дека е еден од подобрите во нашата држава. Не секој град може да се пофали со еден веков булевар, без разлика што злите јазици кажуват поинаку. Ова денеска го изјави градоначалниикот на Прилеп, Илија Јованоски, на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот булевар „Гоце Делчев“ на кој настан присуствуваше и премиерот Зоран Заев.
Она што сакам да го кажам е висината на средствата што Општина Прилеп ги оддели, тоа се околу 62 милиони денари и не е само ова што се гледа како надземна инфраструктура на булеварот, исто така се направи и подземна инфраструктура со комплетна реконструкција на водоводната примарна и секундарна мрежа на овој дел, на овој потег од булевар. Исто така се направи и нова атмосферска канализација. Целото улично осветлување исто така се направи ново на овој дел од булеварот и тоа од споменикот „Карпалак“ до Домот на културата „Марко Цепенков“ и од „Апекс“ до кружниот тек на „Прилепски бранители“. Овој булевар освен четирите коловозни ленти има велосипедски патеки надвор од коловозните летни, со уште еден знак дека безбедноста на велосипедистите е подобра, а најмногу ми е драго штопешаците се најбезбедни на овие широки булевари, каде што сите знаеме која е поентата на сето ова, ќе нема паркирање на моторни возила на овој дел од булеварот. Исто така направени се и плочки за безбедно и несметано движење за лицата што имаат ослабен вид, а за лицата што имаат хендикеп направени се сите пристапни рампи до сите пешачки патеки и до семафорите“, изјави Јованоски.
Премиерот Заев на обвинувањата на опозиицијата дека е булеварот е скап возвратии дека тој бил 800 пати поевтин од Скопје 2014 ии 60 пати поевтин од имотот на ВМРО-ДПМНЕ кој што чинел над 60 милиони евра.
„Слушнав дека опозицијата обвинува дека 1 милион евра е прескапо за овој булевар. Морам само да кажам вака, овој булевар е 800 пати поевтин од Скопје 2014, 60 пати поевтин од имотот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е над 60 милиони евра. Поевтин е од лавот во Скопје што е 1.4 милиони евра, или 1.8 милиони евра тие златните огради, тоа се пари и на прилепчани. Овој булевар со својата подземна инфраструктура, со своите дупли коловозни ленти, со зелениот појас, со оваа велосипедска патека, со оваа писта на шеталиште овде во срцето на Прилеп за 1 милион евра. На компетитивни основи, распишани 36 милиони денари за гранитот, за 22 милиони денари набавен е од „Крин“, истиот „Крин“ што го даде гранитот и за струмичкиот плоштад. Ова е вековиште, ова останува на сите други, лавот не можеме да го користиме, лавот е 1.4 милиони во Скопје и за жал само такви споредби можеме да направиме“, кажа Заев.
Изведувач на работите е компанијата „Изофас“ од Прилеп.