Трагичен крај на потрагата по исчезнатата прилепчанка Весна Николоска

Денес во водите на вештачкото езеро кај Прилеп е пронајдено телото на 50 годишната прилепчанка Весна Николоска по која се трагаше 3 дена.

 

„Денеска во 09.15 часот во водите на езерото кај рудникот ,,Сивец” во Прилеп било пронајдено телото на В.Н. (50) од Прилеп, за која нејзиниот сопруг Т.Н. (51) на 17-ти декември пријави дека се оддалечила од домот. Увидот бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција“, информираат од МВР.

 

На Николовска и се губи секаков траг на 16 декември околу 23 часот кога излегла и се упатила во непознат правец. Инаку во потрага по Николоска, овие денови, беа стотици доброволци од Прилеп кои го пребаруваа градот и неговата околина.

 

Вчера, потрагата се прошири и во Кавадарци и Неготино, откако на социјалните мрежи се сподели вест дека неколку лица наводно ја забележале како купува свеќи во близина на црквата во Кавадарци, а потоа и на автобуската станица во градот.

 

Весна Николоска беше сопственик на познатата прилепска слаткарница Дизниленд – Трејд Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи