Откупот на тутунот продолжува, но се зголемува бројот на приговори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Непречено тече откупот на тутунот во Прилеп. Производителите ги носат договорените количини на вагите, но го оспоруваат она што сметаат деке не е реално проценето.

 

Откупната кампања ја следи Државниот земјоделски инспекторат. Според директорот на Инспекторатот, Зоран Шапуриќ, од вкупно 90 приговори од почетокот на кампањата, само вчера се поднесени 21, а пристигнуваат и денеска.

 

„Само вчера во земјава се купени 440 тони по просечна цена од 167 денари. Тоа е благ пораст од почетната од 162, па 164, 166 денари. Досега вкупно се откупени 2 390 тони. Повеќе од половината досега поднесени приговори се позитивно решени. Ние будно ја следиме ситуацијата на теренот, а веќе има и денеска приговори“, изјави Шапуриќ.

 

Откупната цена бележи благ пораст од почетната, а досегашна придобивка од договорите е што одбитоците се сведени на пет проценти.

 

Од Тутунаскиот комбинат – Прилеп информираат дека досега откупиле околу 400 тони по цена од 177 денари за килограм.

 

Сојузот на земјоделски здруженија ги повика поверениците на вагите да ја следат ситуацијата со откупот и секое нереално ценење да се пријавува и да се решава.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи