Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 14-ти до 21 декември, во општина Прилеп имало 271 нов случај на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот, починале 23 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 793.
602 лица се наоѓаат на домашно лекување, 91 на болничко, а 100 се лекуваат во дневната болница, на кислородна поддршка се наоѓаат 57 пациенти.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.424 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.946.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 190 лицa.