Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 21 до 27 декември, во општина Прилеп имало 210 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 20 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 636. 478 лица се наоѓаат на домашно лекување, 72 на болничко, а 86 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓа 41 пациент.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.188 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.137.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 210 лицa.