Кочански „Пејпер Мил“ казнет со 20.000 евра поради загадување

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека, во рамки на интензивното работење на спречување на загадувањето од Пејпер Мил – Кочани, фирмата е казнета со 20.000 евра, бидејќи промените што ги правел инвеститорот не дале резултати.

 

„Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 4 ноември 2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности. Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а Пејпер Мил се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите“, соопштија денеска од Државниот инспекторат за животна средина.

 

Наредното мерење на емисиите, како што се најавува, е на 30 декември и доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе мора да стави клуч на врата и да не работи сè додека не го обезбеди соодветниот филтер на оџаците.

 

Пред два дена, во Кочани се одржаа протести на кои локалните жители побараа решавање на проблемот со загадувањето од фабриката или во спротиво да се блокира нејзината работа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи