На 27.12.2020 во 08.20 часот во Одделение за внатрешни работи Прилеп било пријавено дека во куќа во Прилеп, сопственост на Г.С.(43) од Прилеп настанал пожар од кој биле зафатени електрично броило, дел од електрична инсталација и други предмети.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.