Реализирани десет училишни проекти во рамки на проект кој го реализира Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп

Во десет училишта вклучени во проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата II фаза“, кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија се реализираа проектите кои ги подготвија ученици од истите училишта.

 

„Имено во август оваа година 30 ученици од десетте училишта учествуваа на Младинскиот летен камп за развој на локалните иницијативи. Учениците таму научија како да подготват проекти, ги подготвија, а потоа и ги доставија за оценување. Најдобрите беа избрани за поддршка и реализација. Моментално се релизираат активностите но стигнува и опремата утврдена како потреба во проектите. Некои од проектите се посветени на уредување на училишната околина со уредување и оплеменување со клупи, училници на отворено и слично, други со опрема за настава како опрема за кабинети по анатомија, хемија и други училишни предмети, а трети пак имаа потреба од набавка на печатари и ЛЦД проектори. Така учениците научија како да пишуваат проекти, но и како да реализираат, а на своите училишта им донесоја и нова опрема“, велат од Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи