Од денеска Армијата на Република Македонија е засилена со 200 професионални војници.
Новите регрути денеска на свеченост во касарната „Илинден“ ги поздрави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Посакувајќи им добредојдовте во една НАТО армија, им порача дека изборот да ја носат униформата ќе им овозможи финансиска сигурност и можност за личен развој.
По свеченоста на војниците им беа врачени Договорите за работа, а министерката за наредната година најави прием на нови 250 војници во АРМ, како и 120 подофицерски чинови.