Пуштен во употреба новиот мост со 4 ленти, но улицата останува со 2

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска, во пресрет на Новата 2021 година, градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, го ставија во функција новиот армирано-бетонски мост на Градска река, прв од ваков вид кој во Прилеп се гради после 48 години.

 

„Благодетот од новиот мост на улицата „Трајко Николоски“ ќе го користиме сите ние, но и идните генерации во следните 50 и повеќе години. Површината на мостот е 849 м2, должината е 24 метри а заедно со мосниците 30 метри. Во најтесниот дел мостот е широк 22 метра а за неговата изградба од општинскиот буџет се одделија 35 милиони денари. Мостот ќе ги поврзува не само граѓаните од двете страни на реката, туку и двете индустриски зони каде има најголем проток на товарни возила, автомобили, велосипеди и пешаци“, изјави градоначалникот Јованоски.

 

Јованоски нагласи дека со почетокот на градежната сезона во новата 2021 година, ќе била реконструирана улицата „Трајко Николоски“, на потегот од новиот мост, преку железничкиот премин, до улицата „Александар Македонски“, во вкупна должина од 400 метра, за што од буџетот се издвоиле 18 милиони денари.

 

Но сепак улицата „Трајко Николоски“ до „Александар Македонски“ нема да биде проширена со 4 ленти како мостот, туку само ќе се реконструира затоа што тоа барало повеќе време и експропријација на земјиште.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи