ВИДЕО – Божиќен ручек во услови на пандемија – ќе се испратат пакетчиња и оброк до 500 деца од најзагрозените целни групи

И во време на пандемија која му пркоси на светот, ние, со поддршка од Вас, нашите пријатели, пријателите на децата, не сакаме да дозволиме Божиќните трпези да останат празни за нашите деца.

 

Поради неможноста од физичко присуство, оваа година нашите активности се насочени повторно да внесеме радост во детските срца и да ја предизвикаме таа најмила детска насмевка на малите лица, со тоа што ќе испратиме пакетче и оброк во домовите на 500 деца од најзагрозените целни групи, како и деца членови на Детската Амбасада и нашите партнери. Целта и значењето на овој настан се мотив за нашата посветеност кон единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или било која определба на децата.

 

 

Традицијата по 15-ти пат ќе го потврди нашето посветено делување за нашите најмили, за нашата иднина – децата. Децата се само деца. Едно небо за сите деца.

 

Поради почитување на мерките кои произлегуваат од пандемијата од Ковидвирусот, на самиот ден Божик 07.01.2021г. ќе доставиме до вас нашите пријатели од медиумите , пресконференција и материјал од сите реализирани активности.

 

Со почит,
Петар Стојаноски
Детска Амбасада за Сите Деца во Светот

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи