ВИДЕО – На повидок тивка војна помеѓу Сoјузот на земјоделски здруженија и Иницијативниот одбор – поверениците нема да се повлечат

Дали полека настанува тивка војна помеѓу Сoјузот на земјоделски здруженија и Иницијативниот одбор на тутунарите кој ги организираше протестите. Од Сoјузот денеска излегоа со став дека од понеделник нема да ги повлечи поверениците од вагите, иако истото го ветија пред само неколку дена дека ќе се стопира откупот ако продолжи нереалната проценка. Се правдаат дека ова било желба и притисок  на тутунарите за што побрзо да си го предаделе тутунот. Исто така неизвесно е дали ќе го поддржат и протестот закажан за во понеделник пред Влада.

 

 

„Ние со секое повлекување на поверениците ние му даваме простор на откупувачите да не стегнуваат во еден ќош, за да помини времето. А времето е многу кратко за предавање на тутунот, ние сакаме што побрзо да се откупи тутунот“, изјави Менде Стомнароски, Сојуз на земјоделски здруженија.

 

Од Сојузот бараат да се зголеми динамиката на откуп, пунктовиите да работеле и во сабота, да се укине проценката по шифри, туку да се цени по класи и што побрзо да се откупел и вишокот на тутун. Но и сами признаваат дека динамиката на откуп е преслаба.

 

„Во Долнени најмалку се откупува, имаме над 7.000 тони, а откупени се само 5% тутун во тој регион. Бараме што повеќе да се откува од сите откупувачи и да има пофлексибилна линија“, вели Месит Рушити, здружение на тутунари од Општина Долнени.

 

„Динамиката на откуп во Општина Конче сега за сега е катастрофална, неколку пунктови откупуваат по само 100 картони, тоа е еден тон и во 11 часот пунктот се затвора“, истакна Живко Василев, повереник од Општина Конче.

 

„Инспекторатот по земјоделие да биди далеку поорганизиран на терен, отколку што е денес, затоа што засега делува многу пасивно“, кажа Перо Стојкоски, здружение „Клас“.

 

Од Иницијативниот одбор на тутунарите пак велат дека протест пред Влада ќе имало и покрај се и обвинија дека Сoјузот на земјоделски здруженија во моментов не работел за интересите на тутунарите.

 

„Значи изјавата дадена од Менде пред Нова Година беше јасна и децидна и ја слушна цела Македонија, дека првиот работен ден по Нова Година откупот ќе запри до средбата со Премиерот. И кажа Менде дека е наша десна рака. Еве сега гледаме колку е Менде наша десна рака  и дали стои зад таа изјава која ја смени за само 2 дена. Ние не знаеме дали е притисок од некого и не знаеме за кого работи, ама знаеме дека не работи во интерес на тутунарите. Тутунарите бараат протест, да запри откупот и да се реши ситуацијата, а на Менде ако му е во интерес да оди овој грабеж на народот нека си носат одлуки во нивни интерес и интерес на откупувачите“, рече Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунарите.

 

Го повикаа Премиерот Зоран Заев во понеделник на протестот од одвои време и да ги прими и да кажел јавно како ќе го реши нивнииот проблем.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи