Прилепските планинари и велосипедисти, Филип Илиоски, Михаела Кочоска, ии Михаил Петкоски уште на 1 јануари ја отворија планинарсјката сезона за 2021. Ја искачија Солунска глава – 2540 мнв.
„2021 година не пречека со прекрасни временски услови идеални за зима. Нова Година ја дочекавме во планинарскиот дом Чеплес и рано изутриина на 1 јануари се качивме на Солунска глава, највисокииот врв на Јакупица. Се искачувавме 4 часа во многу снег, кој на некои места беше замрзнат. Користевме како опрема и дерези и цепини“, вели за Инфо Компас, Филип Илиоски.
Погледнете ја фото галеријата како изгледа Солунска глава во моментов.