ВИДЕО – Дали политиката ги подели тутунарите – и понатаму се цени со класа подолу, а динамиката на откуп е преслаба

Проблемите на тутунарите остануваат на терен, обвинуваат дека се цени класа подолу, а динамиката на откуп била премногу слаба. За надминување на проблемот во среда имаат нова средба со министерoт за земјделство и откупувачите на која ќе одат поделени. Од една страна Инцијативниот одбор, а од друга Сојузот на земјоделски здруженија. Од ИО велат дека Сојузто не ги застапувал вистинските барања на тутунарите затоа што не го поддржа штрајкот птред Влада и не ги повлече поверениците од вагите. Сметаат дека има притисоци и дека целата работа се исполитизирала.

 

 

„Ние како ИО ја водиме сами оваа битка, значи ние и натаму ќе продолжиме сами. Во еден момент Сојузот ни даде поддршка и стоеше зад нас, па дури и се прогласи дека ни е десна рака, меѓутоа таа десна рака за 2 дена стана никаква рака. Има некое влијание за тоа што се случи. Незнаеме од каде е тоа влијание, не можеме да критикуваме без докази, но се виде на терен дека тие за 2 дена ја сменија изјавата. Ние не бркаме никаква политика, не мешаме политика, кај нас единствена политика е тутунот и застануваме зад сите, без разлика кој за кого гласа или кој од која националност е“, изјави Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

 

Од Сојузот бараат да се зголеми динамиката на откуп, пунктовите да работеле и во сабота, да се укине проценката по шифри, туку да се цени по класи и што побрзо да се откупел и вишокот на тутун. Но и сами признаваат дека засега динамиката на откуп е слаба, а цената не е покачена.

 

„Цената до вторникот беше нешто над 167 денари, многу мало, за нијанса покачување. Да видиме денешниот ден како ќе протече и се ќе зависи од средбата што ќе ја имаме со министерот, премиерот и откупувачите. Да видиме и со вишокот на тутун, кога ќе се делат картони, кога ќе се откупи истиот. Бидејќи ние сакаме тој да се откупи тековно за да до законскиот рок биде откупен и да не остане тутун за откупување во март или пак подоцна“, рече Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

 

Денеска со соопштение излегоа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинија дека годинава еден килограм тутун вреди колку една кутија цигари и дека тутунарите не ги покривата нитиу основните трошоци. Побараа државата итно да реагира со зголемување на субвенцијата за 100% и таа да изнесува минимум 120 денари за четврта класа, до 180 денари за прва класа на тутун. Да се забрани увоз на тутун, ревидирање на мострите, како и поголема актиивност на инспекторатот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи