Општина Крушево започна со распределба на заштитни маски за заштита на вработените во јавните институции.
За оваа намена се користат донираните маски од турската компанија Алим, но и дополнителни донации кои се очекуваат да пристигнат во Крушево.
„Околу 30.000 заштитни маски ќе бидат распределени низ цела општина Крушево, ќе ги опфатиме сите граѓани на општината со цел да обезбедиме високо ниво на почитување на мерките. Апелираме институциите да не’контактираат за маски, а ние ќе излеземе и на терен и ќе делиме маски на случајни минувачи“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Контакт: 075 57 27 45, секој работен ден од 8 до 16 часот