Поставени две агрометеоролошки станици во селата Галичани и Канатларци

 

 

Агрометеоролошките станици се поставени во селата Галичани и Канатларци, а ги набави и ги постави Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со софтвер за земјоделски култури. Ова е во рамките на проектот „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион”.

 

Агрометеоролошката станица МЕТЕОБОТ има сензори за мерење на температурата и влажноста на воздухот, на воздушниот притисок, брзината на ветрот, на количествата врнежи, соларната радијација, влажноста на лист и сензор за мерење на температурата на почвата.

 

Станиците се целосно автоматизирани, што значи дека корисникот нема да оди до станицата за да ги прочита податоците, туку тоа ќе може да го направи преку компјутерска и мобилна апликација. Измерените податоци станиците ги собираат на секои 10 минути и преку GPRS ги испраќаат до сервер, каде тие се преработуваат и се препраќаат до компјутерската и мобилната апликација.

 

Преку денот, станицата ја добива електричната енергија за работа преку соларен панел, а во текот на ноќта, работи на акумулаторска батерија.

 

Агрометеоролошките станици се поставени во консултација со подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи