Активностите кои можат да произлезат од воспоставувањето на училишните градини се важни за поттикнување поддршка од локалната заедница. Па, преку таа поддршка општината може индиректно да помогне во производството и консумирањето здрава храна.
Придобивките од училишните градини можат да бидат во форма на:
- Поврзување со локална продавница за продажба на свежи производи, близок супермаркет или едноставно доставување на производите до домот на блиски роднини и пријатели на училишната заедница.
- Производството на локални производи во училишната градина кои успеваат и се популарни во едно поднебје може да придонесе за развој на традицијата и културата на исхраната на населението од тој регион.
- Нема да се обезбедува нездрава храна надвор од училиштето. Секој начин на кој учениците комуницираат со храната во нивното училиште е лекција за тоа што треба да биде дел од нивната секојдневна исхрана.
- Кога училиштето ќе организира некоја хуманитарна акција за прибирање средства, може да ги продава производите од својата училишна градина или пак да ги подарува на оние кои донирале средства. Тоа ќе ги поттикнува и самите ученици да бидат повеќе посветени кон работата во училишната градина, но и да развијат претприемнички дух.
- Важно е учениците да знаат дека за да им се допадне нова храна, потребно е време и дека истата храна може да има поинаков вкус во зависност од тоа како се готви.
- Училишните градини предизвикуваат размислување за истражување за здравата исхрана, како и можности учениците да бараат да пробуваат нова храна. Тие ќе се охрабрат да вкусат зеленчук и овошје произведено во градината на повеќе начини.
- Исто така, важно е дека учениците ќе знаат како да проверуваат кое е свежо овошје и свеж зеленчук или како да ги мијат и готват.
- Можноста за интегрирање на содржините од училишната градина во други наставни предмети во склоп на училиштето.
- Училишните градини (ќе) ги води еден наставник или волонтер, но може да се вклучи и целото училиште. На пример, учениците можат да ги исцртаат димензиите на градината по математика или да научат за историјата и политиката на пристап до здрава храна.
- Училиштата кои (ќе) обезбедуваат услови за создавање училишни градини во нивниот состав овозможуваат практично учење на исхраната, учениците (ќе) јадат дотри пати повеќе овошје и зеленчук на училиштен ручек – без оглед дали таа храна се одгледувала во градината или не. Ефектите (ќе) се протегаат и надвор од училиштето, па така учениците и дома ќе инсистираат да имаат поголем пристап до зеленчук и овошје, отколку децата кои се без тие наставни програми.
- За разлика од предавањата или работните листови за здрави практики, градините (ќе) обезбедуваат искуство, практично опкружување за учење, „каде што децата имаат шанса да ги помирисаат лисјата на растението домат и да јадат моркови произведени од нив самите“. Работата во градина е реална активност и (ќе) ги охрабри учениците да истражуваат и да расудуваат независно.
- Одржувањето на училишната градина налага лекциите за исхрана да станат постојан, вграден дел од едукативното искуство на учениците.
- Кога учениците (ќе) поминуваат неколку недели или месеци во одгледување на својата храна, тие (ќе) се чувствуваат горди и поврзани со неа – што е клучно за пробување нови здрави јадења со отворен ум.
За крај, да сумираме кои се придобивките од училишните градини:
- Учениците од четврто и петто одделение кои (ќе) се вклучени во училишна градина и програмата за исхрана, полесно ќе се вклопат во наставните програми за предметна настава од шесто до деветто одделение, па и во понатамошното образование.
- Учениците вклучени во училишните градини (ќе) уживаат во учењето и (ќе) покажуваат позитивни ставови кон образованието.
- Учениците кои се запознати со одгледувањето на сопствена храна имаат тенденција да јадат повеќе овошје и зеленчук и (ќе) се повеќе склони кон тоа да продолжат со здравите навики за исхрана.
- Градинарството за време на детството ги насочува учениците да консумираат здрава храна, умерено вежбање и позитивни социјални интеракции и честопати може да доведе до животно градинарство, социјално и емоционално здравје.
- Училишната градина (ќе) служи како безбедно место за учениците, каде што (ќе) се чувствуваат смирено, среќно и опуштено.
- Учениците кои се учесници во градинарската програма (ќе) имаат зголемено саморазбирање, зголемени интерперсоналнии кооперативни вештини. Тие (ќе) имаат предности во училиштето и заедницата.
- Наставниците кои (ќе) работат во училишта со градинарски програми, (ќе) покажуваат повисоки морални вредности на работното место и зголемено општо задоволство од тоа што се наставници во тоа училиште.
- Стекнатите знаења преку училишните градини учениците (ќе) ги споделуваат со семејството и пријателите кои не се поврзани со програмата за училишна градина. Така, оваа програма (ќе) има потенцијал за ширење на придобивките за многу поголема заедница.
Пишува: м-р Гоце Бумбароски, наставник по одделенска настава и член на Слоу Фуд − Прилеп
Извор : www.slowfood.mk