25 годишен прилепски ловџија застрелан во Мариово – телото пренесено со хеликоптер

Дваесет и пет годишниот прилепчанец Ѓ.Х. денеска е убиен околу 11 часот во атарот на мариовското село Витолиште. Со пријателите биле на лов и во еден момент бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од групата ловџии со која бил на лов. Поради непристапниот терен, за да го извлечи телото, на помош била повикана и Спасителната служба „Златоврв“ од Прилеп.

 

„Денеска околу 12.30 часот добивме повик за интервенција на недостапен терен во Мариовскиот крај во место викано „Отин“ каде тешко бил повреден ловџија. Штом го добивме повикот се мобилизиравме и веднаш се упативме на местото на настанот. Кога стигнавме ловџијата беше починат, а ние како служба помогнавме околу транспортот да го пренесеме лицето од местото на несреќата до сртот на планината од каде го превзеде хеликоптер. Се надеваме дека сите овие случаи во кои помагаме ќе бидат само дополнителен поттик државата конечно да ни даде возила и опрема, затоа што се што досега правиме го правиме со наши возила и наша опрема“, истакна Дарко Неданоски, раководител на Спасителна служба Прилеп.

 

Од МВР велат дека истрагата се уште е во тек.

 

Околу 14.55 часот од екипа на ИМП било констатирано дека дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи