ВИДЕО – Водици одбележан со капење во замрзнатото Плетварско езеро во издлабена дупка во форма на крст

За прв пат во Македонија млади спортисти од Прилеп годинава го одбележаа празникот Богојавление или Водици со капење во водите на замрзнатото Плетварско езеро. Претходно тие направија дупка во форма на крст, во мразот дебел 15-тина сантиметри, во која влегуваа три пати. Велат дека досега никој го нема направено ова во планински води за овој голем дел за Православните христијани.

 

 

„Во духот на верата и традицијата годинава, група спортисти на еден поинаков начин решивме да го одбележиме големиот празник Богојавление Христово каде што во едно од плетварските езерца, кое е целото замрзнато, решивме ккако што кажав денешниот празник да го одбележиме на еден поиинаков начин. Целото езеро е замрзнато со мраз со дебелина од 15-тиина сантиметри, дојдовме тука од раните утрински часови да го подготвиме теренот, направивме дупка во мразот во форма на крст. Чувството е прекрасно, ние досега сме скокале по Светиот крст во базените во градот, но оваа година е поразлично и се надеваме дека ќе прерасне ова во една традиција, за да догодина уште помасовно се одбележи овој ден во планински води “, вели Дарко Неданоски, спортист.

 

„Ова ми е втор пат како го одбележувам овој ден со влегување во водите, лани се фрлав по крстот, а годинава со оглед на пандемијата е поразлично. Ова е една убава традиција која се прави за здравје. Чувството за разлика од базенот е далеку поразлично, водата е поладна, но како што кажав ние сме мотивирани, ова го правиме за здравје“, рече Наумче Трајкоски, спортист.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи