Приведени 50 илегалци во Скопје: без регулиран престој и непријавени работеле на градилиште

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Полицијата откри  и приведе 50 илегалци, странци без регулиран престој и непријавена работа на градилиштето зад „Рамстор“ кај Стара железничка во Скопје.

 

 

„Денеска во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на странска фирма помеѓу булеварот ’Кирил и Методиј’ и улицата ’Јордан Мијаклов’ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат до МВР.

 

 

Се уште се работи на утврдување на деталите за која градежна компанија работеле градежниците.

 

 

Македонија е атрактивна за работа на „црно“ и ова не е прв пат да се затекнат илегални работници во државата. Податоците на Државниот инспекторат за труд покажуваат дека најмногу лица кои работат на „црно“ се во градежната индустрија. Како причина за тоа се спомнуваат странските градежни компании кои се ангажирани да работат кај нас. Полициските службеници продолжуваат со акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето на целата држава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи